Skip to main content
Дома
Градинка Орце Николов
  • Дома
  • Нова страна
  1. Дома

Светски ден на штедењето

Ојавено Чет, 31/10/2024 - 1:15pm

На Светскиот ден на штедењето, во објектите Бисерчиња и Ѕвездички се одбележа со многубројни активности.
Во соработка со ПроКредит Банка, децата од големите групи Мечиња и Пеперутки од објект Бисерчиња имаа можност да научат нешто повеќе за важноста на штедењето. За нив беше организирана едукативна активност, каде што преку игри и практични примери дознаа како штедењето може да им помогне во иднината. Покрај тоа, децата добија и мали подароци – симболични кесички за штедење, кои ги поттикнуваат да размислуваат за одговорното користење на парите и за вредноста на штедењето.

Настани
  • ◀◀
  • Следна ➤

Powered by Makdomen